Microsoft: 2025 e „година на обновување на Windows 11 PC”, промената ќе ја почувствуваат милиони корисници

Причината за овој потег е јасна: 14 октомври 2025 Microsoft ќе престане да обезбедува поддршка за Windows 10. По тој датум, корисниците нема да добиваат повеќе бесплатни ажурирања на софтверот, техничка поддршка и безбедносни ажурирања. Според актуелната статистика, повеќе од 60 проценти од корисниците користат Windows 10, додека само околу 34 проценти веќе преминале на Windows 1

Поддршка за Windows 10 завршува во октомври 2025. Microsoft сака да поттикне милиони корисници да преминат на Windows 11 – но многумина ќе мораат да набават нов хардвер.

Microsoft ја прогласи 2025 година за „година на обновување на Windows 11 PC”. На официјалниот блог, Јусуф Мехди, извршен потпретседател и директор за маркетинг за потрошувачите во Microsoft, најави иницијативата која има за цел да привлече милиони корисници на Windows 10 да преминат на новиот оперативен систем, пишува Fenix магазин.

Причината за овој потег е јасна: на 14 октомври 2025 Microsoft ќе престане да обезбедува поддршка за Windows 10. По тој датум, корисниците нема да добиваат повеќе бесплатни ажурирања на софтверот, техничка поддршка и безбедносни ажурирања. Според актуелната статистика, повеќе од 60 проценти од корисниците користат Windows 10, додека само околу 34 проценти веќе преминале на Windows 11.

Microsoft во својата маркетинг стратегија првенствено ги истакнува вештачката интелигенција како клучна предност. Мехди нагласува во својот блог дека новиот PC со Windows 11 е “најдобар, најсигурен и најмоќен начин” за искористување на предностите на вештачката интелигенција. Компанијата воведува нова категорија на компјутери: т.н. Copilot+ компјутери кои ќе бидат опремени со специјализирани компјутерски чипови за обработка на AI апликации, познати како Neural Processing Units.

Меѓутоа, многу корисници ќе мораат да набават нов хардвер за да преминат на Windows 11. Системските барања за Windows 11 се значително повисоки отколку за претходната верзија, поради што многу компјутери кои моментално работат совршено со Windows 10, веќе нема да бидат компатибилни.

Microsoft се повикува на истражување на маркетиншката компанија IDC, според кое речиси 80 проценти од компаниите планираат да ја обноват својата PC флота до крајот на 2025 година. Меѓу приватните корисници, 70 проценти планираат премин на Windows 11 во следните две години.

Продолжената поддршка чини 30 евра годишно
Меѓутоа, постојат и алтернативи за веднаш преминување: Microsoft по прв пат нуди и приватните корисници можност да, со надомест од 30 долари годишно, продолжат да добиваат безбедносни ажурирања за Windows 10 преку т.н. Extended Security Updates (ESU). Оваа опција не беше спомната во блогот на Мехди.

Истражувањата од минатата година исто така покажуваат дека производите означени со „AI“ често предизвикуваат недоверба кај купувачите. Сепак, Microsoft ветува дека новите Copilot+ компјутери ќе бидат до пет пати побрзи од најчесто користените пет години стари Windows компјутери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни