МиБен Гвир: Активистите од флотата да се држат во затвор со месеци, за да се навикнат на мирисот на терористичкото крило

Бен Гвир, лидер на ултранационалистичката партија, рече во видео-порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, прави „грешка“ со тоа што ги депортира, пренесе Times of Israel.

Министерот за безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, денес изјави дека Израел треба да ги задржи активистите од флотата „Сумуд“ во затвор неколку месеци, наместо да ги депортира во нивните земји.

Бен Гвир, лидер на ултранационалистичката партија, рече во видео-порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, прави „грешка“ со тоа што ги депортира, пренесе Times of Israel.

„Мислам дека треба да се задржат овде неколку месеци во израелски затвор, за да се привикнат на мирисот на терористичкото крило“, нагласи Гвир.Тој додаде и дека, според него, Нетанјаху не може постојано да ги депортира во матичните земји, „бидејќи тие се враќаат повторно и повторно и повторно“.

Израелската морнарица приведе повеќе од 470 активисти во средата навечер на 42 пловила кои ја сочинуваа глобалната флотила „Сумуд“, а Министерството за надворешни работи на Израел соопшти претходно дека четворица активисти веќе се депортирани, додека за останатите е покрената постапка за депортација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни