„Горда сум и ми претставува чест што ми е доверено водството на една од клучните институции за безбедноста на нашата земја“, изјави Метревели.
Премиерот Сер Кир Стармер ја нарече оваа одлука „историска“, нагласувајќи дека работата на разузнавачките служби никогаш не била поважна.
Што е ‘C’?
„C“ е шефот на МИ6 – тајната разузнавачка служба која работи на собирање податоци во странство, со цел заштита на националната безбедност на Обединетото Кралство. Името „C“ потекнува од првиот директор, Менсфилд Каминг, кој своите документи ги потпишувал само со буквата „C“, пишувајќи со зелено мастило – традиција која и денес се почитува.
Метревели (47) е обучена антропологија на Кембриџ и има богато искуство во британската внатрешна и надворешна безбедност, со ангажмани на Блискиот Исток и Европа. Во 2024 година е одликувана со титулата Companion of the Order of St Michael and St George (CMG) за придонес во британската надворешна политика.
Предизвици на новото раководство:
Новата директорка ќе се соочи со бројни геополитички и технолошки закани – од Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, до дигиталниот надзор, вештачката интелигенција и сајбер нападите. Нејзината задача ќе биде да ги штити интересите на Британија во еден нестабилен свет, со постојана адаптација кон новите форми на разузнавање и закани.
Оваа одлука се смета за пресвртна точка во историјата на британската разузнавачка заедница.