Меѓународната вселенска станица 150.000-ти пат ја обиколи Земјата

Меѓународната вселенска станица (ISS) вчера го направи својот 150.000-ти круг околу Земјата.

Јубилејниот круг започна во 11:32 часот и заврши во 13:05 часот, а патеката беше следена од индонезискиот остров Суматра кон Индискиот Океан, објави Роскосмос преку платформата за комуникација Telegram.

Откако беше лансиран првиот модул во 1998 година, ISS помина вкупно 6.4 милијарди километри. „Тоа е 30 пати повеќе од просечното растојание од Земјата до Марс, четири пати повеќе од растојанието од Земјата до Сатурн и скоро исто колку далеку како орбитата на Плутон“, соопшти Роскосмос.


Руската Федерација, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција (ESA) заеднички управуваат со ISS, големиот научен проект кој продолжи и покрај војната на Москва против Украина. Станицата се наоѓа на висина од околу 400 километри над Земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни