Меѓународен олимписки комитет: Боксерската федерација без соодветна процедура и докази ги суспендирала спортистките

„Секој човек има право да спортува без да биде дискриминиран“, реагираат од Меѓународниот олимписки комитет и Единицата за бокс од ЛОИ во Париз во врска со контроверзиите поврзани со двете натпреварувачки, за кои на социјалните мрежи и во одредени медиуми се шират шпекулации за нивниот пол.

Организаторите на Олимписките игри истакнуваат дека сите спортисти кои настапуваат во боксерските турнири ги исполнуваат условите за подобност и влез во натпреварувањето, како и сите важечки медицински прописи поставени од Единицата за бокс (ПБУ).

Тие истакнуваат дека истите правела важеле и за време на квалификацискиот период, вклучувајќи ги и Европските игри, Азиските игри, Пан-американските игри и Пацифичките игри во 2023, африканскиот квалификационен турнир во Дакар во 2023 и двата светски квалификациски турнира одржани во Италија и Таиланд, на кои учествувале вкупно 1471 натпреварувач од 172 национални олимписки комитети, боксери од тимот на бегалците и индивидуални неутрални спортисти.

За ЛОИ во Париз биле користени правилата за бокс од Олимписките игри во Токио, со цел да се намали влијанието на подготовките на спортистите и да се гарантира конзистентност помеѓу различните Олимписки игри. Правилата за ЛОИ во Токио биле базирани на правилата креирани по ЛОИ во Рио во 2016 година и важат уште од пред суспензијата на Меѓународната боскерска федерација од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 2019 година и повлекувањето на признавањето на оваа федерација во 2023 година.

Во врска со известувањата за две женски спортистки кои се наптреваруваат во Париз, од МОК велат дека тие се натпреварувале во женски категории многу години, вклучително и на Олимписките игри во Токио, како и на Светски шампионати организирани од Меѓународната боксерска федерација и нивни турнири.

Овие две спортистки, според МОК, биле жртва на ненадејни и арбитрерни одлуки од боксерската федерација на крајот од Светското првенство во 2023 година, кога биле дисквалификувани без соодветен проес.

Според извештаите на федерацијата, овие одлуки биле донесени од генералниот секреатар на федерацијата и директорот. Бордот на федерацијата ги ратификувал отпосле и побарал да се креира процедура за слични слуачи во иднина.

Обвинувањата со кои сега се соочуваат спортистите поради тоа се базирани на оваа арбитрерна одлука, која е направена без соодветна процедура, особено земајќи го предвид фактот што двете спортистки се наптреварувале на највиско ниво повеќе години, велат од МОК и додаваат дека таквиот пристап е спротивен на добро управување со спортот.

„Правилата за подобност не треба да се менуваат за време на натпреварите, а секоја промена на правилата мора да следи соодветни процеси и да се заснова на научни докази“ велат од МОК.

Од МОК велат дека ги штитат човековите права на сите спортисти кои учествуваат на Олимписките игри и дека јасно било кажано до националните боксерски федерации дека потребен е консензус за нова меѓународна федерација, за боксот да остане во спортската програма на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Најново

Последни колумни