Метеорскиот дожд Геминиди на спектакуларен начин го осветли небото

Метеорскиот дожд Геминиди, познат по своите разнобојни нијанси на светлина на ноќното небо, ги воодушеви луѓето ширум светот.

Метеорите се видливи насекаде низ светот и може да се видат со голо око се додека небото не е премногу облачно и нема влијание на „светлосното загадување“.

Во совршени услови, набљудувачите можат да видат десетици метеори секој час.

Американската вселенска агенција НАСА ги категоризира Геминидите како „најдобар и најсигурен годишен метеорски дожд“.

Метеорите можат да се видат кога Земјата минува низ појасите на комети или астероиди. Како што овие остатоци доаѓаат во контакт со атмосферата на нашата планета, тие согоруваат создавајќи спектакуларни патеки на светлина.

Геминидите се резултат на остатоци што ги остави зад себе астероидот 3200 Фаетон.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни