Метеоролозите превидуваат: 2026 година веројатно ќе биде 1,4°C потопла од прединдустрискиот период

Британскиот метеоролошки завод прогнозира дека 2026 ќе биде четврта година по ред со глобални температури за 1,4°C повисоки од прединдустриското ниво, истакнувајќи ја потребата од итни мерки против климатските промени

Следната година веројатно ќе биде четврта година по ред во која глобалните температури ќе бидат за 1,4 степени Целзиусови повисоки од прединдустрискиот период, објави британскиот метеоролошки завод (Met Office).

Во годишната прогноза за просечните глобални температури, Met Office наведе дека 2026 година ќе биде проценета на 1,46 степени над почетната вредност од 1850-1900 година, бидејќи продолжува „бранот“ на загревање.

Ова е под 1,55 степени забележани во најтоплата година – 2024, но може да ја стави 2026 на листата на четири најтопли години од кога постојат мерења и четврта по ред година во која се надминува прагот од 1,4 степени.

Минатата година, 2024, беше прва која го надмина прагот од 1,5 степени на кој се договорија земјите со Парискиот договор за да се обидат да го ограничат глобалното затоплување и да ги избегнат неговите најопасни последици. Можно е сличен сценарио да се повтори и во 2026.

Професорот Адам Скајф, кој го предводи тимот зад прогнозите на британскиот метеоролошки завод, рече: „Последните три години веројатно сите го надминаа 1,4 степени и очекуваме дека 2026 ќе биде четврта година кога тоа ќе се случи“.

Ник Данстаун од метеоролошкиот завод изјави дека во 2024 „забележано е првото привремено надминување на прагот од 1,5 степени Целзиусови“ и дека нивната прогноза за 2026 сугерира дека тоа е „повторно можно“.

„Ова нагласува колку брзо сега се приближуваме кон целта на Парискиот договор од 1,5 степени“, додаде тој.

Во Парискиот климатски договор постигнат во 2015, земјите се обврзаа да го задржат глобалното загревање значително под два степена над прединдустриското ниво и да вложат напори да го ограничат порастот на 1,5 степени за да се обидат да ги избегнат најлошите последици од зголемувањето на нивото на морето, сушите, поплавите, топлотните бранови и екстремните бури предизвикани од климатските промени.

Научниците предупредуваат на се потешките последици од поголемото загревање и намалената способност на луѓето и природата да се прилагодат на промените, при што секој дел од степенот прави разлика во избегнувањето на најлошите последици од климатските промени.

Но, ОН предупреди дека светот сè уште е на пат на загревање од 2,8 степени според сегашните политики, или околу 2,3 до 2,5 степени ако се спроведат сите ветени мерки на земјите.

Подоцна оваа година, Светската метеоролошка организација процени дека сегашните нивоа на глобално загревање, надвор од температурните флуктуации меѓу годините, се 1,37 степени над просекот за периодот 1850-1900.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни