Мететоролозите најавуваат дека почнувајќи од викендов и во текот на следната седмица, територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на ладен и влажен бран од север, односно снежен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од снег во најголем дел од Македонија. Позначителна снежна покривка би се формирала во најголем дел од Македонија, вклучувајќи ги и градовите, а на планините и на Скијачките центри постојната снежна покривка значително ќе се зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со голем пад на температурите, како и со повремено засилен ветер од северен правец.
Со овој бран, најпрвин на пониските места врнежите ќе бидат од дожд, а потоа насекаде тие полека ќе преминуваат во снег. Снег се очекува и во Скопје и околината.