“Метеоаларм” предупредува: од викендов снег и студ

,,Апелираме во случај доколку патувате према планинските превои, да бидете крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег. Исто така на планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, а во пониските места (градовите) локално, и тоа поради тешкиот  и влажен снег можни се проблеми” предупредуваат од Метеоаларм

Под влијание на циклонска активност, и на многу влажна  и многу постудена воздушна маса од север, денес (петок) како и за време на викендов времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, додека на планините, а потоа  и на повисоките, како и на пониските места во западните, северозападните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег.

Сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.


Локално ќе наврне големо количество на воден талог, особено во западните  и во јужните предели од Македонија (и тоа над 50/60 литри воден талог на метар квадратен).

На планинит ќе ќе се формира голема снежна покривка (локално над 60/70 cм снег), на повисоките места таа ќе изнесува од 30 до 40 cм, локално може и повеќе, а во пониските места (градовите) особено во западните, северозападните и во југозападните предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 20 до 30 cм, можно е дури и повеќе.

Во Скопскиот регион исто така во истиот период ќе има пообилни врнежи од дожд, додека на околните планини, а потоа  и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег.

Во сабота наутро, како и во претпладневните часови не се исклучува можноста мешавина од дожд и снег на кратко да има и во делови од пониските предели на котлината.

,,Апелираме во случај доколку патувате према планинските превои, да бидете крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег. Исто така на планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, а во пониските места (градовите) локално, и тоа поради тешкиот  и влажен снег можни се проблеми” предупредуваат од Метеоаларм.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, особено за време на викендот, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 6 степени.

Во Скопје максималната температура за време на овој период ќе се искачува во интервалот од 2 до 5 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни