Метал фестивал под отворено небо во Битола

Метал фанови од целата држава ќе се соберат кај ракометното игралиште во Битола, каде ќе се одржи „Metal Discharge Open Air Festival“.

Од 7ми до 8ми јуни. Со почеток во 17:30ч.

„Metal Discharge Open Air Festival“ е првиот метал фестивал под отворено небо во Битола започнат во 2011та година. Со пауза од 10 години, реактивиран во 2022г.

Годинава „Metal Discharge“ го има своето 5то издание кое ќе трае 2 дена. Фестивалот оваа година ќе обезбеди камп, за луѓето низ целиот Балкан што ќе се соберат да имаат каде да престојат. На овогодинешната програма настапуваат 14 бендови, 4 гостински бендови од Р.Србија и 10 домашни млади и веќе реномирани бендови. Ова е најобемната програма досега. 

Фестивалот е природен плод на љубовта  кон музиката, желбата и искреноста, со взаемна размена на бендовите и публиката се создава сцена на здрава нога, подлога за израз на чиста мисла и можност за поубав свет за идните генерации. 

Со надеж и голем ентузијазам, веруваме дека секој труд се исплатува, а кога ги гледате среќните лица на сите присутни, не постои мерка за личната сатисфакција која што ја добивате. А понекогаш е супер да се „истрескате“ од земја со танцување и дружба со блиските.

Линкови до Фејзбук и Инстаграм профилите на фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни