Мета сака целосно да го автоматизира креирањето реклами со вештачка интелигенција

Според претходно објавени податоци, повеќе од 97% од вкупните приходи на компанијата Мета во 2024 година доаѓаат токму од огласување.

Американската технолошка компанија Мета, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, планира до крајот на 2026 година целосно да го автоматизира креирањето и насочувањето на реклами со помош на вештачка интелигенција.

Се претпоставува дека огласувачот ќе може само да постави слика од производот и да одреди буџет, а вештачката интелигенција ќе ја креира рекламата во целост – вклучувајќи слики, видеа и текст.

Потоа, системот ќе одреди кои корисници на социјалните мрежи ќе бидат целна публика и ќе даде предлози за буџетот, пренесува Wall Street Journal (WSJ).

Мета исто така планира да додаде можност за персонализација на рекламите со помош на вештачка интелигенција, така што различни корисници ќе гледаат различни верзии од истата реклама во зависност од различни фактори, како што е регионот во кој живеат.

Апликациите на оваа технолошка компанија имаат 3,43 милијарди уникатни активни корисници ширум светот, а нејзините алатки водени од вештачка интелигенција помагаат во создавање персонализирани варијации на реклами, заднини за слики и автоматизирани прилагодувања на видео-огласи, правејќи ги привлечни за огласувачите.

Според претходно објавени податоци, повеќе од 97% од вкупните приходи на компанијата Мета во 2024 година доаѓаат токму од огласување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни