Компанијата Мета се огласи на конкурентската Икс – Им се извини на корисниците поради глобалниот проблем, падот на Инстаграм, Фејсбук но и на Месинџер, Ватсап.
Мета, под која се споменатите социјални мрежи, не можејки на друг начин објави пост на платформата Икс која се води како нивна конкурентска социјална мрежа објави:
„Свесни сме дека техничкиот проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, посочуваат од компанијата Мета.
Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други не работат.
Речиси 100.000 корисници на веб-страницата „DownDetector“ пријавиле проблеми со Фејсбук, додека повеќе од 60.000 од нив имаат проблеми со Инстаграм.
Како и секогаш во вакви ситуации, корисниците на другите мрежи ја користат можноста да ја изразат својата фрустрација поради прекинот на социјалните мрежи, па многумина се активни на Икс.
Попладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета, Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp.
Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваа проблеми.
За корисниците на Инстаграм, најтешко погодените области низ Соединетите Држави во моментов се Чикаго и Њујорк, според топлинската мапа на жалби и извештаи поднесени од корисниците, составена од страната.
Повеќе од 82.000 корисници на Фејсбук исто така се жалат на прекини, при што се пријавени проблеми низ поголемиот дел од источниот и пацифичкиот брег.