Според првичниот план, проектот ќе започне со буџет од 2 милијарди долари, но се проценува дека крајните трошоци би можеле да надминат 10 милијарди долари, со оглед на тоа што реализацијата ќе трае со години. Мета, наводно, планира јавно да го објави овој проект на почетокот на 2025 година, кога ќе открие детали за планираната рута на кабелот и неговите технички спецификации. Сепак, високите трошоци за подморските кабли и потребата да се обезбедат ресурси може да го одложат почетокот на изградбата.
Според информациите од поврзани извори, планираната траса на кабелот ќе ги вклучува следните точки: од источниот брег на САД до Индија преку Јужна Африка, потоа од Индија до Западниот брег на САД преку Австралија. На овој начин, кабелот ќе го формира обликот на буквата „W“ и ќе ги поврзе трите континенти. Овој проект се очекува значително да ја подобри глобалната интернет инфраструктура и да обезбеди поголема поврзаност.

Според аналитичарите на TeleGeography, Мета веќе поседува или делумно поседува 16 постоечки подморнички кабли, кои се резултат на соработката меѓу повеќе компании. Сепак, овој нов проект би ја ставил компанијата на Марк Закерберг во иста категорија со Google.