Meta отпушта 600 вработени од одделот за вештачка интелигенција „Meta Superintelligence Labs“

Компанијата Meta ќе укине околу 600 работни места во својата единица за вештачка интелигенција „Meta Superintelligence Labs“, со цел да го забрза развојот и да остане конкурентна во трката со OpenAI и Google.

Компанијата Meta објави дека ќе укине приближно 600 работни места во својата лабораторија за вештачка интелигенција „Meta Superintelligence Labs“, во обид побрзо да се прилагоди на забрзаната трка за доминација во областа на вештачката интелигенција (AI).

Вработените погодени од отпуштањата биле информирани преку внатрешен допис до кој пристап имал Bloomberg. Новоформираната група на компанијата, TBD Lab, каде што се вработени некои од најплатените нови експерти, не е засегната од намалувањето.

„Со помал тим ќе имаме помалку состаноци и побрзи одлуки. Секој член ќе има поголема одговорност и влијание“, напиша во пораката Александар Ванг, главен директор за вештачка интелигенција во Meta.

Според извор запознаен со плановите, Meta ги охрабрува отпуштените работници да аплицираат за други позиции во рамките на компанијата и најавува дека ќе продолжи со вработување во своите AI тимови.

Овој потег е последен во низата стратегиски чекори на извршниот директор Марк Закерберг, кој агресивно инвестира за да ја задржи Meta конкурентна со гигантите OpenAI и Google.

Meta веќе потроши милијарди долари за ангажирање на врвни експерти од индустријата и вложи 14,3 милијарди долари во стартапот Scale AI, кој се занимава со обележување на податоци. Токму од таму дојде и Ванг, кој сега ја предводи AI стратегијата на компанијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни