Според изјавата за Engadget, апликацијата ќе престане да функционира на 15 декември, по што најлесниот начин за пристап до разговорите ќе останат веб-страниците на двете платформи или апликацијата Facebook за Windows.
Компанијата не наведе конкретна причина за укинувањето на десктоп верзијата, но на страницата за поддршка е наведено дека корисниците ќе добијат известување за исклучувањето, а потоа ќе им биде блокиран пристапот до Messenger на компјутер.
Мета им препорачува на корисниците да го вклучат безбедното складирање на разговорите за да ги зачуваат своите пораки по исклучувањето на апликацијата.
За тоа е потребно:
- Да се кликне на иконата над фотографијата на профилот.
- Да се избере Приватност и безбедност → Енд-ту-енд шифрирани разговори.
- Потоа Складирање пораки → Вклучи безбедно складирање, за активирање на заштитата.
Од разделба до укинување
Мета го одвои Messenger од Facebook уште во 2014 година, со цел да создаде независна апликација за размена на пораки. Подоцна компанијата се обиде да ги интегрира Messenger и Instagram Direct, но проектот беше напуштен во 2023 година.
Одлуката за укинување на десктоп апликацијата, според експертите, го одразува трендот дека повеќето корисници денес претпочитаат мобилни апликации или веб-интерфејси за комуникација.
Извор: Независен