Американската технолошка компанија „Мета“ купи малцински удел во најголемиот светски производител на очила, „Есилор Луксотика“, за 3,5 милијарди долари.
На овој начин, Мета доби помалку од три проценти удел во компанијата, која е позната, меѓу другото, по производството на познатите очила „Реј-Бан“, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Според наодите на агенцијата, американскиот технолошки гигант од Менло Парк размислува за дополнително зголемување на својот удел на пет проценти, иако сè уште не донел конечна одлука.
Двете компании веќе неколку години работат заедно на паметни очила. Од 2021 година, „Мета“ продава очила „Реј-Бан“ со интегрирани камери и вештачка интелигенција кои, меѓу другото, препознаваат предмети и прикажуваат податоци од берзата во реално време.
По објавувањето на инвестицијата, акциите на „Есилор Луксотика“ пораснаа за 7,1 процент, што е нивниот најголем дневен раст во последните три месеци. Компанијата сега има пазарна вредност од 117,3 милијарди евра.
Според прогнозите на „ГрандВју Рисрч“, вредноста на пазарот на паметни очила ќе порасне од 1,93 милијарди долари во 2024 година на 8,26 милијарди долари до 2030 година, а конкурентот на „Метин“, „Гугл“, веќе покажа интерес за оваа област.