Мета го запира политичкото рекламирање во ЕУ поради „нефункционални“ правила

Мета наведува дека регулативата на ЕУ „воведува значителни оперативни предизвици и правни неизвесности“ и „нефункционални барања“

Американската компанија за социјални медиуми Мета соопшти дека ќе ги запре сите реклами за политика, избори и социјални прашања на своите платформи во ЕУ од октомври, поради претстојното законодавство за политичко рекламирање, објави Еуроњуз.

Мета – која ги поседува Инстаграм, Фејсбук, Тредс и Вотсап – во соопштението наведува дека регулативата на ЕУ за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање (TTPA) „воведува значителни оперативни предизвици и правни неизвесности“ и „нефункционални барања“.

Договорот за TTPA на ЕУ – насочен кон спречување на манипулацијата со информации и странското мешање во изборите – стапи на сила во април 2024 година, но повеќето од одредбите ќе станат целосно применливи на 10 октомври оваа година.

Според правилата, политичките реклами мора да носат етикета за транспарентност и јасно да ги идентификуваат клучните информации како што се спонзорите, изборите со кои се поврзани, платените износи и техниките на таргетирање.

Мета и правната несигурност

Мета изјави дека од 2018 година има воспоставено алатки кои обезбедуваат транспарентност за реклами за политика и избори. Тие бараа од огласувачите да завршат процес на овластување, а „Мета“ ги чуваше овие податоци во својата јавно достапна библиотека со реклами. Сепак, новите обврски на TTPA „создаваат неодржливо ниво на сложеност и правна несигурност за огласувачите и платформите што работат во ЕУ“, соопшти компанијата .

Додадено е дека поради ограничувањата, „луѓето ќе гледаат помалку релевантни реклами на нашите платформи“.

Мета рече дека луѓето или кандидатите во ЕУ сè уште можат да објавуваат и да дебатираат за политика на нејзините платформи.

Соопштението на технолошкиот гигант доаѓа откако Google во ноември минатата година изјави дека ќе ги забрани и политичките реклами поради новите правила.

Промените важат само за Европа. 

DSA сонди

Европската комисија воведе неколку иницијативи за борба против странското мешање и дезинформациите во изборите. На пример, започна неколку истраги согласно Законот за дигитални услуги (DSA), кој ги обврзува онлајн платформите да се справат со нелегалната содржина поврзана со дезинформациите.

4.23, USA. Meta Launched Ai in Facebook and WhatsApp Chat, Editorial Tech Backdrop. Meta Ai technology concept background

Фејсбук и Инстаграм на Мета беа погодени со формални постапки во април 2024 година поради сомнителни прекршувања поврзани со нивните политики и практики за измамничко рекламирање и политичка содржина на нивните услуги. Истрагата е сè уште во тек.

Неколку избори на ЕУ беа цел на дезинформации. На 6 декември, Романија стана првата земја од ЕУ што откажа избори поради странско мешање, по извештаите за манипулација со информации на апликацијата за споделување видеа TikTok.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни