Meta објави дека почнува да префрла уште поголем број тинејџери на посебни „teen accounts“ профили на Facebook и Messenger, со дополнителни родителски контроли и заштитни опции за помлади корисници. Компанијата тврди дека „стотици милиони“ тинејџери веќе користат овие налози на Instagram, Facebook и Messenger.
Специјалните налози првпат беа воведени на Instagram минатата година, а почетокот на 2025 започнаа да се тестираат и на Facebook и Messenger во САД, Канада, Велика Британија и Австралија. Од сега, овие налози ќе бидат достапни за тинејџерите ширум светот, пренесува Računalo.com.
Meta донесе одлука „teen accounts“ да станат задолжителни за сите корисници од тинејџерска возраст, додека помладите тинејџери од 13 до 15 години мораат да имаат дозвола од родител за да ги менуваат безбедносните поставки. Компанијата користи AI технологија за откривање на корисници кои можеби лажат за својата возраст.
Instagram дополнително го проширува својот „school partnership program“ во САД, кој им овозможува на основните и средните училишта побрзо да пријавуваат случаи на насилство или проблематично однесување. Програмата до сега беше во пилот фаза, но од сега секое училиште во САД може да се пријави.
Meta веќе неколку години интензивно развива родителски контроли и алатки за заштита на малолетници, но сè уште се соочува со бројни тужби и истраги поради своите досегашни пропусти во областа на заштита на децата на интернет.