Meta најави формирање на нов истражувачко-развоен тим кој ќе се занимава со хуманоидни роботи, со главна цел максимално искористување на можностите на AI платформата Llama, објави главниот технолошки директор на компанијата, Ендрју Босворт. Овој потег означува стратешко проширување на инвестициите на Meta во делот на вештачка интелигенција, пишува Reuters.
На чело на дивизијата за роботика е поставен Марк Витен, поранешен извршен директор на компанијата Cruise, специјализирана за автономни возила, додека Џон Корил е именуван за потпретседател за малопродажба. Неговиот задача ќе биде зајакнување на продажбата на потрошувачки производи на Meta, вклучувајќи ги уредите Quest за мешана реалност и Ray-Ban Meta паметни наочари развиени во соработка со компанијата EssilorLuxottica.
Овој развој доаѓа во момент кога големи технолошки компании и стартпи инвестираат милијарди во развој на роботи управувани од вештачка интелигенција за индустријата, логистиката и домашните работи. Напредокот во оваа област е побавен од развојот на јазичните модели, бидејќи AI системите сè уште имаат ограничено разбирање на физичкиот свет.
Meta веќе години вложува во т.н. “хуманоидна вештачка интелигенција” со цел да создаде интелигентни асистенти кои можат да перцепираат, слушаат и се движат во тродимензионален простор. Компанијата веќе започна преговори со компании како Unitree Robotics и Figure AI за потенцијално соработување на развојот на роботски хардвер, но моментално нема планови за лансирање на свој робот под брендот на Meta.
Иако Reality Labs, дивизијата задолжена за проектите на Meta во вештачка интелигенција и виртуелна реалност, има загуба од пет милијарди долари во последниот квартал, компанијата верува дека инвестициите во хуманоидни роботи на крај ќе донесат раст на компанијата.
Покрај Meta, и други технолошки компании, како што се Apple и Google, влегуваат во сферата на хуманоидна роботика, па очекуваат дека тие инвестиции ќе им се исплатат на долг рок.