Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма, денес, 6 декември, со почеток во 15 30 предавање ќе одржи Метју Фулер, на тема истражувачка естетика.
Метју Фулер е професор по Kултурни студии на Голдсмитс, Универзитетот во Лондон. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката.
Метју Фулер е автор на бројни публикации вклучувајќи ги следниве наслови ,,Како да се спие: Уметноста, Биологијата и Културата на несвесното’’ (Bloomsbury 2018), ,,Како да се биде Гик: Есеи за културата на софтверот’’ ( Polity 2017), ,,Естетика на Eкологијата и Невозможноста’’ ( Minnesota 2019) како и во коавторство со Ејал Вајзман, книгата Истражувачка естетика: Судири и Заедничкото во Политиката на Вистината (Версо 2021).
Влезот е бесплатен.