Месечни стипендии од 1350 евра за истражувачки престој и пракса во Германија!

Доколку сте магистер или работите на вашиот докторат и сонувате за меѓународна кариера, Фондацијата за животна средина на Германија (DBU), Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU) нуди одлична шанса за истражувачки престој во траење од 6 до 12 месеци.

Програмата, која досега ја искористиле девет студенти од Македонија, е наменета за сите дисциплини и ви овозможува уникатна можност да работите на вашиот проект во врвни институции, универзитети, приватни компании или невладини организации во Германија.

Што нуди програмата?

  • Месечна стипендија од 1350 евра (за трошоци за живот и храна)
  • Здравствено осигурување
  • Интензивен курс по германски јазик
  • Вмрежување со врвни експерти и ментори од Југоисточна Европа и Германија

Како да аплицирате?
Апликациите се отвораат двапати годишно, со рокови на 5 март и 5 септември. За повеќе информации, посетете го сајтот на DBU или приклучете се на ЗУМ средбата која ќе се одржи на 20 јануари во 17 часот.
Линк до ЗУМ средбата: Кликнете тука

Програмата е одлична можност за кариерен развој, додека ви овозможува да придонесете во областа на животната средина и науката. За дополнителни информации контактирајте на frosinamia@gmail.com.

Не пропуштајте ја можноста да инвестирате во својата иднина!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни