Доколку сте магистер или работите на вашиот докторат и сонувате за меѓународна кариера, Фондацијата за животна средина на Германија (DBU), Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU) нуди одлична шанса за истражувачки престој во траење од 6 до 12 месеци.
Програмата, која досега ја искористиле девет студенти од Македонија, е наменета за сите дисциплини и ви овозможува уникатна можност да работите на вашиот проект во врвни институции, универзитети, приватни компании или невладини организации во Германија.
Што нуди програмата?
- Месечна стипендија од 1350 евра (за трошоци за живот и храна)
- Здравствено осигурување
- Интензивен курс по германски јазик
- Вмрежување со врвни експерти и ментори од Југоисточна Европа и Германија
Како да аплицирате?
Апликациите се отвораат двапати годишно, со рокови на 5 март и 5 септември. За повеќе информации, посетете го сајтот на DBU или приклучете се на ЗУМ средбата која ќе се одржи на 20 јануари во 17 часот.
Линк до ЗУМ средбата: Кликнете тука
Програмата е одлична можност за кариерен развој, додека ви овозможува да придонесете во областа на животната средина и науката. За дополнителни информации контактирајте на frosinamia@gmail.com.
Не пропуштајте ја можноста да инвестирате во својата иднина!