Научниците ја мерат оваа оддалеченост преку ласери кои се одбиваат од огледалата поставени на Месечината од мисиите на астронаутите. Со мерење на времето што му е потребно на светлосниот зрак да стигне до Месечината и назад, можат да ја пресметаат прецизно оддалеченоста и нејзината промена со текот на времето.
Месечината обично се наоѓа на 385.000 километри од Земјата, но нејзината орбита не е совршен круг, па оддалеченоста варира за околу 20.000 километри. Поради овие промени, некои полни месеци изгледаат поголеми и се нарекуваат „супермесеци“.
Астрономот Стив Дикерби објаснува дека главната причина за оддалечувањето е плимната сила. „Месечината и Земјата си пренесуваат замах. Плимата на Земјата создаваат гравитациска сила која ја турка Месечината во нејзината орбита, што постепено ја зголемува оддалеченоста“, вели Дикерби.
Овој процес има и последици за Земјата. Како што Месечината се оддалечува, ротацијата на Земјата се забавува, па деновите стануваат малку подолги. Меѓутоа, овие промени се многу бавни и не се забележуваат во текот на еден човечки живот.
Истражувањата покажуваат дека пред милијарди години Месечината била многу поблиску до Земјата и изгледала многу поголема на небото. Со текот на времето, оддалечувањето продолжува, а иднината на системот Земја-Месечина се предвидува да заврши дури по милијарди години, кога Сонцето ќе стане црвен џин и ќе го уништи овој систем.
И покрај далечната перспектива, научниците сметаат дека изучувањето на овие движења ни помага да разбереме како се развивала Земјата и Месечината последните 4,5 милијарди години и како ќе се менуваат во иднина.
Извор: N1info.rs
