Месечен хороскоп за септември: Важни одлуки за девиците, нова фаза за рибите

Во септември влегуваме со Сонцето во знакот на девица, Венера во вага и ретрограден Плутон во водолија. Ретроградните Сатурн и Нептун се во знакот на риби, Уран во знакот на бик, а Јупитер и Марс во знакот на близнаци. Во знакот на лав се Месечината и Меркур.

На 1 септември Уран се движи ретроградно во знакот на бик, што носи нагли и големи промени, најпрво на биковите, но и на лавовите, шкорпиите и водолиите.

На 2 септември Плутон ретроградно се враќа во знакот на јарец, каде ќе остане до ноември оваа година. Овој период може да го наречеме последен бран на големи промени кои ќе се одразат најпрво на јарците, овните, раковите и вагите.

На 3 септември имаме млада Месечина во знакот на девица во опозиција со Сатурн и квадрат со Јупитер, што укажува на тежок период по работните прашања, но и здравјето. Пред нас е време кога имаме многу обврски, но и време во кое треба поодговорно да се псотавиме и кон менталното и физичкото здравје. Можни се зголемувања на респираторни и стомачни проблеми, како и есенска депресија.

На 4 септември Марс преминува во знакот на рак. Во текот на ноември и декември ќе остане во знакот на лав, а во јануари ретроградно ќе се врати во рак, каде ќе остане до крајот на април. Транзицијата на Марс во знакот на рак укажува на интензивни емоции, љубовни борби и повреди, но и на зголемени турболенции во семејството. Можно е да се засили семејното насилство, национализмот, деструктивноста, проблемите со водата и штета во домовите. Одлуките ги носиме под влијание на силни емоции, повреденост, па поради тоа треба да се обидеме да настапуваме смирено.

На 9 септември Меркур преминува во знакот на девица каде ќе остане до 26 септември. Ова е поволен период за работа, освен деновите помеѓу 18 и 22 септември, кога ќе има блокади и тешкотии во комуницирање, како и засилени проблеми со техниката и сообраќајот.

На 18 септември имаме делумно помрачување и полна Месечина во знакот на риба. Деновите околу полната Месечина се неповолни, психолошки предизвикувачки и ова е време кога треба не треба да се прават планови, туку да да се опуштаме, метално и физички да одмориме.

 На 22 септември Сонцето преминува во знакот на вага, а и официјално влегуваме во есента.

Веќе следниот ден, Венера преминува во знакот на шкорпија. Транзитот на Венера низ знакот вага од 29 август до 23 септември ги фаворизира воздушните знаци – ваги, водолии и близнаци, иако има позитивни ефекти и за лавовите и стрелци. Генерално, транзитот на Венера низ вага носи емотивни и работни подобрувања, добри договори и успех во врските. Но, преминувањето во знакот на шкорпија носи една интензивна, драстична и помалку мрачна црта – па може да очекуваме пораст на љубомората и тајните врски.

Септември е месец кој ќе не воведе во бурната есен која е пред нас. Нека ни е со среќа.

Извор: Супержена

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни