Фридрих Мерц не беше избран за канцелар во првиот круг на гласањето во Бундестагот, јавува Deutsche Welle.
Изненадувачкиот исход на гласањето: само 310 гласа „за“ од вкупно 630 пратеници – и покрај тоа што демохристијаните на Мерц (CDU/CSU) и социјалдемократите (SPD) заедно имаат 328 мандати и сите пратеници биле присутни.
Сега најверојатно ќе се повтори гласањето, бидејќи друг кандидат освен Мерц не постои.
Иако во понеделникот беше потпишан коалицискиот договор, изгледа дека некои пратеници се воздржале од гласање или гласале против, испраќајќи политички сигнал.
Засега нема најава за прекин на седницата, но пратеничките клубови се во консултации.
При потпишувањето на коалицискиот договор, Мерц и лидерот на SPD, Ларс Клингбајл, изјавија дека сметаат на јасно мнозинство. Пред гласањето немаше никакви индиции за ваков вид „бунт“.
Ова е првпат во германската историја кандидат за канцелар да доживее ваков пораз во прв круг.
Според законот, втор круг мора да се одржи во рок од 14 дена, при што кандидатот повторно треба да обезбеди апсолутно мнозинство.
Ако дојде и до трет круг, тогаш е доволно релативно мнозинство, но малку е веројатно дека Мерц би се впуштил во таков сценарио.