Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија нема намера да се вклучи во конфликтот со Иран и не планира да обезбеди воена заштита за бродовите во Ормутскиот теснец
Зборувајќи за време на посетата на Норвешка, Мерц истакна дека Берлин нема причина да размислува за распоредување на воени средства за заштита на бродовите во стрешки важниот Ормутски теснец.
„Германија не е дел од оваа војна и ние не сакаме да станеме дел од неа “, рече германскиот лидер.
Војната на Блискиот исток влегува во третата недела а освен САД и Израел во конфликтот со Иран нападните се и соседните држави, но и земји членки на НАТО како Турција каде досега се соборени два ирански проектила.