Мерц до Нетанјаху: Веднаш дејствувајте за спас на цивилите во Газа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повторно телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи го да преземе сè што е во негова моќ за да се подобри хуманитарната состојба во Појасот Газа, јави ДПА.

„Канцеларот ја изрази својата длабока загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба и го повика премиерот Нетанјаху да постигне итен прекин на огнот“, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус.

Берлин соопшти дека чекорите најавени од израелската влада мора итно да бидат следени со конкретни и подлабоки мерки.

Во наредните денови, Германија, во координација со Франција, Обединетото Кралство, САД и некои арапски држави, ќе одлучува како може да придонесе за ублажување на кризата.

Т.н. група Е3 – Германија, Франција и Велика Британија – во петокот повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите израелски заложници кои се наоѓаат во рацете на Хамас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни