„Канцеларот ја изрази својата длабока загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба и го повика премиерот Нетанјаху да постигне итен прекин на огнот“, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус.
Берлин соопшти дека чекорите најавени од израелската влада мора итно да бидат следени со конкретни и подлабоки мерки.
Во наредните денови, Германија, во координација со Франција, Обединетото Кралство, САД и некои арапски држави, ќе одлучува како може да придонесе за ублажување на кризата.
Т.н. група Е3 – Германија, Франција и Велика Британија – во петокот повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите израелски заложници кои се наоѓаат во рацете на Хамас.