Mercedes дискретно го промени својот иконичен логотип, и тоа без голема најава. Немаше специјален настан, соопштение за медиумите или спектакл. Промената беше воведена тивко и речиси незабележливо. Од февруари 2025 година, славната ѕвезда веќе не е прикажана во хромирана тродимензионална форма, туку во сите официјални комуникации на производителот се користи рамна, бела верзија, пишува Auto Bild.
Новиот, поедноставен дизајн веќе може да се забележи во годишниот извештај, на социјалните мрежи, во е-пораки и официјални документи.
Сепак, љубителите на ретро стилот можат да здивнат: познатата сребрена 3D ѕвезда и понатаму ќе се користи на хаубите, воланите и бандажите на возилата.
Според извори од компанијата, одлуката за промената била донесена свесно и внатрешно, без врева. Целта на новиот изглед е брендот да изгледа помодерно, почисто и поефикасно, особено за дигитални канали, каде што рамниот логотип функционира подобро.
„Со освежувањето на нашиот корпоративен дизајн, Mercedes-Benz го намалува присуството на црната боја како доминантна во визуелниот идентитет на брендот. Во комбинација со користење на 2D верзија од нашето лого – ѕвездата на Mercedes – за печатени и дигитални медиуми, изгледот ќе биде помодерен и визуелно поусогласен,“ изјавил портпарол на Mercedes.