Како што пренесува HAK Revija, автомобилот го купил господинот Хоф во 1982 година, внимателно бирајќи ја секоја опција од каталогот – вклучително и тврдиот покрив, совршено усогласен со неговата сино-зелена каросерија. По купувањето, возилото било одвезено во неговиот дом во близина на Бирмингем и веднаш паркирано во гаража со контролиранa температура и влажност.
Од тогаш автомобилот не се поместил речиси воопшто. Никогаш не бил регистриран, а бројачот на километражата денес покажува само 42 милји (68 километри).
Минатиот август, сопственикот одлучил да го продаде и се обратил до британската компанија „The SLS Shop“, специјализирана за реставрација на класични Mercedes SL модели. Прегледот потврдил дека возилото е во беспрекорна состојба – бојата не е избледена, кожните седишта се совршено сочувани, а V8 моторот од 5,0 литри и 231 коњска сила е како нов. Дури и издувниот систем го задржал оригиналниот заштитен слој од фабриката.
Ентериерот со дрвен фурнир и денес блеска како првиот ден, а новите сопственици, фасцинирани од реткоста и автентичноста на автомобилот, решиле да не го продаваат, иако неговата вредност е шестцифрена. Наместо тоа, Mercedes 500 SL ќе биде изложен во нивниот салон во Стратфорд на Ејвон, како жив споменик на автомобилската елеганција од 80-тите години.
Извор: N1info.rs
