Mercedes во голема офанзива: Дури 16 нови модели пристигнуваат годинава

Mercedes најавува дури 16 нови модели во 2026 година, со комбинација од електрични и бензински изведби и голема стратегиска офанзива на пазарот.

Германскиот автомобилски гигант Mercedes-Benz влегува во силна производна офанзива со најмалку 16 нови премиери до крајот на годината. По неодамнешното претставување на освежената S-класа, компанијата најавува динамичен период во кој само во следните неколку месеци ќе бидат лансирани седум новитети. Според информациите објавени од Motor1.com, плановите опфаќаат модели од сите сегменти – од влезната понуда до најлуксузните изведби.

Во врвот на гамата се очекуваат унапредени верзии на престижните модели, меѓу кои и освежен Maybach S-класа, како логично продолжение по редизајнот на стандардната верзија. Најавено е и обновување на GLS, а можно е да следува и неговата Maybach варијанта. Дел од понудата ќе бидат и моќни AMG изведби, како и потенцијален кабриолет базиран на G-класата. Паралелно со моделите со мотори со внатрешно согорување, ќе пристигнат и унапредени електрични изданија, вклучувајќи ги EQS и EQS SUV, а се шпекулира и за нова електрична AMG спортска лимузина.

Во клучниот, таканаречен „core“ сегмент, се подготвува редизајн на C-класа во лимузинска и караванска верзија, како и освежувања на GLC и GLC Coupe со класични мотори. Интересно е што за 2026 година е најавена и целосно електрична C-класа, додека производството на EQE и EQE SUV постепено ќе се гаси без дополнителни надградби.

Во влезниот сегмент пристигнува новата генерација на GLA, заедно со електрична варијанта со EQ технологија. Со новиот бран модели, Mercedes-Benz има намера да ја обедини понудата на електрични и конвенционални возила под заеднички дизајнерски јазик, напуштајќи го специфичниот „јајчест“ изглед на првите EQ модели. За 2027 година веќе се потврдени помала G-класа и нов почетен модел што ќе ја замени A-класата, но во поинаков, покросоверски формат.

Очигледно е дека компанијата ја прилагодува стратегијата откако процени дека транзицијата кон електрични возила се одвива побавно од очекуваното. Затоа повторно става акцент и на моторите со внатрешно согорување, со цел да ја зацврсти пазарната позиција и да ги врати купувачите. Со комбинација од класични и електрични модели, Mercedes-Benz влегува во период на интензивна трансформација што треба да обезбеди стабилен раст и посилна конкурентност во наредните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни