Мерц: Ја поздравувам одлуката за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката за прекин на огнот меѓу САД и Иран и повика на трајно дипломатско решение.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази поддршка за двонеделниот прекин на огнот договорен меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, нагласувајќи дека дипломатскиот пат мора да биде првиот чекор кон потрајно смирување на кризата.

„Конечно, и некои добри вести од политиката. Ја поздравувам одлуката на завојуваните страни за прекин на огнот“, порача Мерц, додавајќи дека овој договор треба да биде пресуден почеток кон трајна деескалација, бидејќи последиците од продолжување на војната би биле несогледливи.

Тој истакна дека Германија ќе го поддржи дипломатскиот процес колку што може, а во дел од извештаите се наведува и дека Берлин е подготвен да придонесе за гарантирање на слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Прекинот на огнот е договорен како привремена двонеделна рамка, со посредување на Пакистан, додека разговорите за поширок договор треба да продолжат. И покрај тоа, остануваат сомнежи околу неговата издржливост и околу тоа дали ќе прерасне во потрајно решение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни