Менталното здравје на младите – трендови кои загрижуваат 

Менталното здравје кај девојчињата во земјава е сериозен проблем

Податоците покажуваат дека вознемиреноста е во постојан пораст кај девојчињата и двојно е повисока во споредба со момчињата

Истражувањата и статистичките податоци преземени од ХБСЦ Студија за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Северна Македонија, кои ги презентираше ХЕРА, покажуваат дека менталното здравје на младите е сериозно засегнато, особено кај девојчињата, каде што вознемиреноста расте со возраста.​

Поддршката од семејството, пријателите и училиштето игра клучна улога во создавањето здрава околина за младите да се чувствуваат сигурни и поддржани.​​

Податоците покажуваат дека вознемиреноста е во постојан пораст кај девојчињата и двојно е повисока во споредба со момчињата:​

▪️ На 11 години: 25% од момчињата, 26% од девојчињата​

▪️ На 13 години: 26% од момчињата, 45% од девојчињата​

▪️ На 15 години: 37% од момчињата, и загрижувачки 64% од девојчињата ​

„Време е да посветиме внимание на предизвиците со кои се соочуваат младите и да ги охрабриме да отворат разговор за своите чувства“ велат од невладината ХЕРА. ​

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни