Мелони во разговор со Зеленски вети помош за Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му вети на Владимир Зеленски итна помош за енергетската инфраструктура на Украина и ја потврди поддршката за мировните преговори што ги водат САД.

Премиерката на Италија Џорџа Мелони во неделата телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата претстојна посета на Лондон, Брисел и Рим, која е поврзана со преговорите за мировниот процес, соопшти кабинетот на премиерката.

Мелони ја истакна солидарноста на Италија со Украина по новиот бран неселективни руски напади врз цивилни цели и најави итна помош во вид на опрема за енергетската инфраструктура и населението. Генераторите што ги обезбедуваат италијанските компании ќе бидат испорачани во наредните недели.

Премиерката, исто така, ја потврди поддршката за актуелните преговори што ги водат Соединетите Американски Држави со цел постигнување праведен и траен мир. Таа ја пофали подготвеноста на Киев за конструктивен пристап и ја повика Москва на иста отвореност.

Зеленски во наредните денови ќе одржи средби со европските лидери во рамките на консултациите за завршување на конфликтот што трае речиси четири години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни