Меланија Трамп против Доналд Трамп: Го поддржувам правото на жените на абортус

Императив е да се гарантира дека жените имаат автономија во одлучувањето за нивната желба да имаат деца, врз основа на нивните сопствени убедувања, ослободени од каква било интервенција или притисок од владата

Во мемоарите што се очекува да бидат објавени идната недела, сопругата на Доналд Трамп, Меланија Трамп, на еден месец од денот на изборите, пишува дека е страстен поддржувач на правото на жената да го контролира своето тело – вклучувајќи го и правото на абортус, пишива британски „Гардијан“.

„Гардијан“ тврдат дека имаат копија од мемоарите и го пренесува цитатот на Меланија во кој таа пишува:

„Императив е да се гарантира дека жените имаат автономија во одлучувањето за нивната желба да имаат деца, врз основа на нивните сопствени убедувања, ослободени од каква било интервенција или притисок од владата“.

Мемоарите се објавуваат среде кампањата на Доналд Трамп каде темата за репродуктивните права на жените имаше централна улога и за кои тој застапуваше исклучително рестриктивни ставови.

Одлуката на Меланија Трамп да објави целосно изразување на поддршка за правата за абортус е експлозивна вест не само со оглед на нејзината близина со републикански кандидат кој се кандидира на платформа против абортусот, туку и со оглед на сериозното влошување на репродуктивните права на жените додека на власт во САД беа Доналд Трамп и републиканците.

„Ограничувањето на правото на жената да избере дали да ја прекине несаканата бременост е исто како да и се ускрати контролата врз сопственото тело. Ова верување го носев со себе во текот на целиот мој возрасен живот“, пишува во мемоарите на Меланија.

Во 2022 година, во врховниот судски случај Добс против Џексон, тројца судии поставени кога Доналд Трамп беше претседател, гласаа за да се укине Ро против Вејд пресудата која ги штитеше федералните права на абортусот од 1973 година. Државите со републиканците оттогаш воведоа драконски забрани за абортус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни