Мексико во училиштата низ целатла земја воведе забрана за брза храна, бидејќи владата се обидува да ги реши проблемите со зголемената дебелина и дијабетесот во земјата. Врз основа на прописите кои стапија во сила од денеска, забранети се засладени овошни сокови, чипс, како и други преработени солени и слатки производи.
По повод стапувањето во сила на оваа забрана, Министерството за образование во објава на платформата Х напиша: „Збогум брза храна!“. Министерството ги повика и родителите да ја поддржат владината кампања со подготовка на здрави оброци за нивните деца.
Новите регулативи бараат училиштата да подготвуваат оброци кои се алтернативи на брзата храна, како што е тако со грав, и да ги охрабруваат децата да пијат обична вода. „Многу е подобро да се јаде грав тако отколку вреќа чипс“, рече мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум во поддршка на новите регулативи.
Според УНИЦЕФ, мексиканските деца консумираат најмногу брза храна во Латинска Америка, а бројот на дебели деца достигна алармантни размери.