Мексикански мигрант починал на 25 март во притвор на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Лос Анџелес, соопштија американските власти. Ова е најмалку 14-та смрт во притвор на оваа агенција во 2026 година и предизвика остри реакции од Мексико.
Хосе Гвадалупе Рамос бил пронајден без свест во својот кревет во притворниот центар „Аделанто“. Персоналот веднаш повикал медицински тим, но тој бил прогласен за мртов по транспортот во болница.
Рекорден број притворени и смртни случаи
По преземањето на функцијата во 2025 година, претседателот Доналд Трамп започна масовна депортациска политика, со цел притворање и протерување на милиони нелегални мигранти.
Како резултат на тоа бројот на притворени достигна околу 68.000 лица (февруари 2026), во 2025 година починале најмалку 31 лице во притвор, а трендот во 2026 година може да биде уште полош.
Критичарите предупредуваат дека ваквите политики се прекумерни и потенцијално смртоносни.
Здравствени проблеми и услови
Според ICE, Рамос бил уапсен во Торенс, Калифорнија, и имал повеќе здравствени проблеми дијабетес,висок холестерол и хипертензија
Ова е четврти случај на смрт во истиот центар „Аделанто“ откако Трамп стапи на должност – и сите починати биле мексикански државјани.
Реакција од Мексико
Мексиканското Министерство за надворешни работи најави правни чекори и поддршка за тужби против условите во притворните центри.
Според нив условите се нехигиенски, медицинската грижа е недоволна исе користи казнена изолација
Дипломатката Ванеса Калва Руиз изјави:
„Ова е загрижувачки и неприфатлив тренд што укажува на системски пропусти и можен немар.“
Одговор од САД
Портпарол на американското Министерство за внатрешна безбедност ги отфрли критиките, тврдејќи дека бројот на смртни случаи е мал во однос на вкупниот број притворени, условите се подобри од многу американски затвори, а обезбедена е соодветна медицинска грижа.
Во меѓувреме, бројот на притворени мигранти се намалил на околу 60.000.