Мекелен не го дава Гандалф на друг: Никој друг нема да го носи шилестиот шешир

Англискиот актер Ијан Мекелен пред два месеци ги загрижи фановите откако падна на сцената за време на претстава, а сега открива дека староста си го зема данокот.
Фото: Gage Skidmore/Flickr

Од падот и повредата со која се здобил тој пополека се опоравува, но открива дека неговата здравствена состојба се влошува. Раскажува дека помнењето не му е добро како што му било некогаш.

„Заборавам имиња. Кога си постар имаш повеќе работи за да запомниш од луѓето кои се млади. Сепак, незгодоно е кога не можете да се сетите на името на својот најдобар пријател или на својот телефонски број“ раскажа Мекелен за магазинот „Big issue“.

85-годишниот актер се надева дека ќе се врати на глумата идната година, по советите на лекарите. Тој паднал на сцената во јуни додека глумел во лондонскиот театар Ноел Кауард.

Освен што планира да се врати во театарот, актерот вели дека сака да се врати и во франшизата „Господарот на прстените“. Тој сака да ја повтори улогата на Гандалф во новото продолжение од филмот „Господарот на прстените: Потрагата за Голум“, кој треба да излезе во 2026 година.

„Добив некои информации дека ќе се појави Гандалф во филмот и нема да дозволам некој друг да ги стави шилестиот шешир и брада, нема шанси“ изјави Мекелен за Би-Би-Си.

Најново

Последни колумни