Мекдоналдс со веќе позната маскота го најавува новиот бренд на ресторани

Мекдоналдс е еден од најпрепознатливите брендови во светот. По информацијата дека отвора нов бренд на ресторан CosMc’s, со лик кој го користеше во своето брендирање во 80-те од минатиот век не стивнуваат реакциите.

Извршниот директор Крис Кемпчински рече се работи за мали ресторани кои ќе имаат свој концепт на работа, но ќе ја задржат „целата ДНК на Мекдоналдс“. Според првичните информации првите ресторани ќе се отворат на почетокот од следната година, но на само неколку локации или како што велат од брендот во „ограничена географска локација“.

Како ќе изгледаат рестораните CosMc’s?
Објаснувањето е дека луѓето кои ќе го посетат ќе уживаат во секој еден момент. Ќе функционира еден дел налик на она што е Toy Story Playland во Дизниленд. Додека се кревате во воздух да јадете пица. Декорациите и илустрациите ќе бидат со вонземјани, можеби ќе има небо, а хамбургерите ќе се пакуваат во дизајни со планети.

Какво ќе биде менито?
Посетителите ќе можат да нарачуваат хамбургери со „месо од метеори“, да уживаат во некоја астрономска пита со јаболка… Но за тоа треба многу работа, појаснуваат од компанијата. Велат и дека со нетрпение чекаат да почнат со работа.

Мекдоналдс има свои правила кога се работи за повторно користење на веќе познати маскоти во своите маркетинг кампањи. Слатката виолетова маскота, Гримаса, за кратко време доби голема популарност на социјалните мрежи, а на ТикТок е главна ѕвезда.

Извор: creativebloq.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни