Меѓународната уметничка колонија Арт Поинт Гумно 2024: Слоештица – име за цел свет, деновиве се реализира во Слоештица, родното село на поетот Петре М.Андреевски.
На уметничката колонија учествуваат значајни уметници од земјава и од регионот кои творат во атарот на село Слоештица. Меѓу уметниците се и
Никола Пијанманов, МК – ДЕНИЦИЈА;
Јана Хунтерова, Чешка – Земјата од којашто исчезнува човечката суштина,
Драган Докоски, Македонија- Емотивни патешествија, Харис Савидес, Грција – Слоештица во црно и бело
Мирослав Живковиќ, Србија – Слојчки ливада.