Меѓународната агенција за енергија: Огромни резерви нафта ќе се ослободат веднаш во Азија и Океанија

Меѓународната агенција за енергија (IEA) објави дека 400 милиони барели нафта од стратешките резерви ќе се пуштат веднаш во Азија и Океанија, додека од крајот на март тоа ќе се случи и во Америка и Европа.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) денес соопшти дека нафтата од стратешките резерви ќе се пушти веднаш во Азија и Океанија, додека за Америка и Европа ова ќе започне од крајот на март.

Оваа одлука е дел од напорите на земјите членки да го ублажат наглиот раст на цените на нафтата предизвикан од конфликтот на Блискиот исток.

Вкупно ќе се ослободат околу 400 милиони барели нафта.Ова е шесто ослободување на стратешките резерви во историјата на IEA и најголемo досега. Иницијативата има за цел да обезбеди стабилност на глобалните пазари и да ја намали цената на горивата.

IEA е основана пред повеќе од 50 години како меѓународна институција за енергетска сигурност, а оваа акција се смета за историска поради обемот и времето на пуштање на резервите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни