Меѓуетничката интеграција руши стереотипи и предрасуди

Проектот „Пластичен оркестар“ – Движење за ослободување на училиштата од пластика  на невладиното здружение „Пријатели на образованието“ и ООУ „Живко Брајковски“ од скопската општина Бутел ја доби престижната Награда за интеркултурни достигнувања (The Intercultural Achievement Award – IAA), што ја доделува Министерството за надворешни работи на Австрија.

Вклучувајќи 83 ученици од второ до деветто одделение кои припаѓаат на различна етничка припадност, овој проект промовираше меѓуетничка соработка и културна едукација.

„Меѓуетничката интерграција во училиштето руши стереотипи и предрасуди, а тоа е многу важно ако сакаме да имаме здрави и среќни генерации. На тој начин, преку овие ситни активности што ги правиме во училиштата, учат децата заедно да решаваат проблеми, проблеми кои што се од заеднички интерес“, истакнува м-р Хава Сарачини, наставник по музичко образование во училиштето Живко Брајковски и дел од проектот „Пластичен оркестар“.

Се работи за проект во кој учениците од училиштето со помош на нивните наставници креираа музички инструменти и создаваа музика со користење на пластика за еднократна употреба, а проектот беше избран како победник во категоријата „одржливост“.

Проектот се состоеше од 4 етапи: СОБЕРИ; ОДБЕРИ; ЗАМЕНИ; ПРЕНАМЕНИ, а крајниот производ на проектот беше настап со една музичка композиција која што беше изведена од децата на македонски и албански јазик со овие инструменти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни