Меган Маркл повторно во улога на готвачка: Стигна трејлерот за втората сезона на „With Love, Meghan“

Втората сезона на серијата „With Love, Meghan“ пристигнува на Netflix на 26 август. Во новиот трејлер, војвотката од Сасекс готви со ѕвезди како Криси Тајген и Хозе Андрес, а се најавуваат и познати гости и креативни домашни проекти.

Втората сезона на серијата „With Love, Meghan“, во која се појавува војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пристигнува на Netflix на 26 август.

Во првиот трејлер, објавен кратко откако стана познато дека Netflix го обновил договорот со принцот Хари и неговата сопруга, ја гледаме Меган како изработува ракотворби заедно со манекенката Криси Тајген и подготвува јастог со познатиот готвач Хосе Андрес.

„Ја сакам идејата да поминуваме време заедно и да наоѓаме нови начини да покажеме дека ни е грижа,“ вели Меган во краткото видео.

Во епизодите ќе изработува разни декорации од цветни ливчиња, грнчарски предмети и домашни џемови, кои ги продава преку својот бренд „As Ever“.

Новата сезона ќе има осум епизоди, секоја во траење од 30 минути, и ќе вклучува познати гости како:
Кристина Тоси, Клер Смит, Даниел Мартин, Дејвид Чанг, Хедер Дорак, Џејми Керн Лима, Џеј Шети, Радхи Девлуки, Самин Носрат и Тан Франс.

Серијата ја следи Меган додека готви, дава совети за уредување на домот и животниот стил, покажувајќи како гледачите на едноставен начин можат да го освежат својот животен простор. Снимањето не се одвива во нејзиниот вистински дом, туку во блискиот имот во Монтесито, пишува Variety.

Објаснувајќи ја таа одлука, Меган претходно изјави:

„Кога луѓето прашуваат: ‘Зошто не снимате дома?’ – па, моите деца тогаш доаѓаат од училиште и се подготвуваат за спиење, а осумдесет луѓе во кујната не е баш спомен од детството кој сакам да им го оставам.“

Инаку, Меган Маркл и принцот Хари имаат две деца – Арчи и Лилибет

Првата сезона на „With Love, Meghan“, која премиерно беше прикажана на 4 март, имаше 5,3 милиони прегледи и се најде на 383. место на листата на Netflix за првата половина од 2025 година.

И покрај тоа што серијата доби многу негативни коментари на социјалните мрежи и има просечна оцена од само 3,2 на IMDb, Netflix сепак ја сними и втората сезона. Во коментарите под трејлерот може да се забележат многу негативни реакции.

Додека некои ѝ замеруваат на Меган што се дистанцирала од кралското семејство заедно со принцот Хари, други ја критикуваат поради изборот на гости, особено Криси Тајген, која претходно беше во центар на скандал поради стари објави со говор на омраза на интернет

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни