Меган Маркл ја започна 2025. година со нов Истаграм профил, а сега е откриена и причината за нејзиното враќање на социјалните мрежи. Се работи за премиера на емисијата која наскоро ќе пристигне на Netflix.
По месеци на шпекулации, поранешната глумица и сопруга на принцот Хари ќе ја претстави својата кулинарска емисија под името With Love, Meghan, која ќе биде достапна на Netflix од 15. јануари.
Овој проект е дел од нејзината стратегија за враќање во центарот на вниманието, откако во 2024. година ретко се појавуваше во јавноста. Кулинарската шоу програма ќе биде поврзана со нејзиниот бренд American Riviera Orchard, чие лансирање се очекува наскоро.
Според достапните информации, брендот се уште не е лансиран, но се шпекулира дека ќе биде насочен кон промоција на храна, готвење или производи од животен стил со фокус на здравје, одржливост и луксуз.
Со нејзините пријателки, во промотивното видео се појави и Хари.
“Бев толку возбудена што ќе го споделам ова со вас! Се надевам дека емисијата ќе ви се допадне исто колку што јас уживав во снимањето. Ви посакувам фантастична нова година! Благодарам на нашето неверојатно екипа и Netflix тимот. Повеќе од благодарни за поддршката – и забавата!” напиша Меган.