Меган Маркл по повод Денот на вљубените сподели ретка фотографија од својата ќерка Лилибет на својот профил на Instagram.
На фотографијата нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја држи нивната ќерка во раце, а Меган во описот напиша:
„Овие двајца + Арчи = моите вечни Валентини.“
Ова е ретка можност јавноста да ја види малата Лилибет, која моментално е седма во редот за британскиот престол. Двојката ретко споделува фотографии од своите деца и внимателно ја штити нивната приватност.
Не ги изложува децата во јавност
Војвотката од Сасекс е позната по тоа што ги штити своите деца од медиумско внимание. На повеќето фотографии што ги објавува, лицата на децата се заматени или свртени од камерата. Сепак, неодамна направи исклучок со објавување фотографии од нивната посета на фарма со тикви за Ноќта на вештерките.
Во претходно интервју за CBS, Меган објасни зошто не сака често да ги прикажува лицата на своите деца на интернет.
„Нашите деца се уште мали и преслатки. Како родител, сè што сакате е да ги заштитите“, изјави таа.
Таа додаде дека, со оглед на предизвиците во онлајн просторот, тие се свесни за ризиците и сакаат да придонесат кон позитивни промени.
Одлуката на Меган и Хари е дел од сè почестиот тренд меѓу родителите кои внимателно размислуваат пред да споделуваат фотографии од своите деца на интернет, имајќи предвид дека содржините објавени онлајн можат да останат достапни со години.