Нетфликс ја прекина соработката со брендот на Меган Маркл

Нетфликс потврди дека партнерството со брендот „As Ever“ завршува, откако не беше продолжена серијата „With Love, Meghan“.

Нетфликс официјално ја прекина соработката со lifestyle брендот „As Ever“, зад кој стои Меган Маркл.

Одлуката доаѓа откако не беше продолжена нејзината емисија „With Love, Meghan“, која имаше две сезони на стриминг платформата.

„Нејзината емисија не беше обновена, па немаше смисла партнерството да продолжи“, изјавил извор од Нетфликс за Page Six.

Во официјалното соопштение компанијата наведе дека идејата зад брендот била инспирирана од желбата на Меган Маркл да ги претстави секојдневните моменти на едноставен и елегантен начин.

„Страста на Меган да ги претвори секојдневните моменти во нешто убаво и едноставно беше инспирација за создавањето на брендот As Ever. Драго ни е што имавме улога во реализацијата на таа визија“, соопштија од Нетфликс.

Сепак, од компанијата нагласуваат дека партнерството било планирано како ограничена соработка и дека Меган Маркл ќе продолжи самостојно да го развива брендот.

Во меѓувреме, портпарол на компанијата „As Ever“ изјави дека се благодарни за соработката со Нетфликс во периодот на лансирање на брендот.

„Доживеавме значителен и брз раст и As Ever сега е подготвен да функционира самостојно. Пред нас е возбудлива година и наскоро ќе споделиме повеќе детали“, изјави портпаролот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни