Мегафабрики со суперкомпјутери: План на ЕУ за развој на вештачка интелигенција

ЕУ веќе започна со реализација на планот за изградба на 13 фабрики за вештачка интелигенција, кои ќе бидат сместени на локалитети со суперкомпјутери и центри за податоци. Овие фабрики ќе бидат места на кои истражувачите ќе развиваат и тестираат најнови модели на AI.

Европската унија најави план вреден 20 милијарди евра за развој на нова генерација вештачка интелигенција (AI), во рамките на кој ќе бидат отворени три до пет нови мегафабрики опремени со моќни суперкомпјутери.

ЕУ веќе започна со реализација на планот за изградба на 13 фабрики за вештачка интелигенција, кои ќе бидат сместени на локалитети со суперкомпјутери и центри за податоци. Овие фабрики ќе бидат места на кои истражувачите ќе развиваат и тестираат најнови модели на AI.

Новите мегафабрики кои ќе бидат изградени во рамките на овој план ќе бидат значително поголеми од претходните фабрики. Според документот на стратегијата, овие фабрики ќе се фокусираат на иновации во здравството, биотехнологијата, индустријата, роботиката и научни откритија.

Секој од овие мегафабрики ќе биде опремен со повеќе од 100.000 AI процесори. Ова е многу поголем капацитет во споредба со тековните најнапредни фабрики кои користат до 25.000 AI процесори.

Официјалните претставници на ЕУ предвидуваат дека ќе бидат изградени три до пет мегафабрики во Европската унија, а секоја од нив ќе чини помеѓу три и пет милијарди евра.

Со овој план, ЕУ има за цел да стане по конкурентна, технолошки суверена и побезбедна. Потпретседателката на Европската комисија Хена Виркунен истакна дека целта на овој план е Европа да се позиционира како лидер во областа на вештачката интелигенција.

Оваа иницијатива вклучува и измени на законодавството на ЕУ што ги регулира технологиите на вештачка интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни