На 29 јули, едно од најсилните земјотресни движења некогаш забележани, со магнитуда од 8.8 степени, го погоди полуостровот Камчатка во Русија. Земјотресот беше толку силен што, според некои научници, можеби предизвикал синџир од ерупции на дури седум вулкани во регионот.
Но не се сите експерти убедени во тоа научната заедница сè уште дебатира дали станува збор за директна последица или за геолошка случајност.
Првиот што „експлодирал“ беше вулканот Кључевскаја, еден од највисоките активни вулкани на Земјата. Иако веќе покажувал знаци на активност, експертите веруваат дека силниот земјотрес можеби му дал „последен поттик“ за ерупција.
Според Руската геофизичка служба, од вулканот се излеалa лава по неговите падини, експлозии го треселе врвот, а небото било осветлено од „моќно сјаење“.
Потоа, како во синџирна реакција, еден по еден, вулканите низ Камчатка почнале да еруптираат.
Меѓу нив е и Крашениников, кој немал ерупција од 15-тиот век, време кога печатарската машина била нова технологија. Во оваа ерупција, вулканот исфрлил облак од пепел висок шест километри.
Иако звучи логично дека мега земјотрес може да разбуди вулкани, геологијата не е секогаш толку предвидлива. Научниците укажуваат дека е многу тешко да се докаже директна причинско-последична врска помеѓу земјотресот и вулканската активност.
Дополнително, по ерупцијата на Крашениников, регионално следувал нов земјотрес со магнитуда од 7.0, што уште повеќе ги замаглува границите меѓу причина и последица.
Полуостровот Камчатка е дел од т.н. Огнен прстен, појас околу Пацифичкиот Океан познат по висока сеизмичка и вулканска активност. Таму, и земјотреси и ерупции не се невообичаени, но кога се случуваат во ваква брза низа, неизбежно е да се постави прашањето: Дали природата ни испраќа предупредување?
Одговорите, како и секогаш, се наоѓаат длабоко под нашите нозе.
Извор: Vice