Мега дерби Вардар – Пелистер во финалето на ракометниот куп

Битолчани за првиот пехар после 20 години во ова натпреварување ќе се борат против големиот ривал Вардар 1961

Пелистер се пласираше во Купот на Македонија, откако славеше против ГРК Охрид со 27-23 на вториот полуфинален натпревар. Битолчани за првиот пехар после 20 години во ова натпреварување ќе се борат против големиот ривал Вардар 1961, мечот се игра утре во СЦ „Билијанини Извори“ со поеток во 17:30 часот.

Ракометарите на Пелистер наидоа на силен отпор од страна на ГРК Охрид, некаде после 40-та минута почнаа да градат посериозна предност и да го подигнат нивото.

Капитенот Филип Кузмановски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна исто број на погодоци имаше Гоце Ојлески. Митревски мечот го заврши со 14 одбрани, додека Чаневски запиша 8.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни