Кога ги прашувате луѓето зошто не го сакаат летото, има и такви кои ќе ви кажат дека тоа е поради комарците. Навистина, комарците касаат некои луѓе повеќе од другите.
Медицинската сестра Мики Раи тврди дека голем број фактори влијаат на тоа колку ги привлекуваме комарците, вклучувајќи ја нашата крвна група, бојата на облеката и количината на јаглерод диоксид што го издишуваме.
„Дали се чувствувате како да ве каснуваат комарци повеќе од просечен човек? Ќе ви кажам зошто можеби е тоа“, вели Раи во видеото објавено на Инстаграм.
Прво, таа објасни дека комарците претпочитаат крвна група 0 во споредба со другите крвни групи, како што се А или Б. Тие се привлечени и од поголеми количини на јаглерод диоксид во воздухот.
„Така наводно нè наоѓаат комарците. Колку сте поголеми, толку повеќе испуштате јаглерод диоксид, што ве става во ризик. Исто така, издишувате повеќе јаглерод диоксид после вежбање или кога сте бремени, така што би можеле да бидете подложни на каснувања од инсекти “, додаде таа.
За крај вели дека бојата на облеката може да ги привлече комарците.
„Истражувањата покажуваат дека комарците повеќе ги привлекува облеката со темна боја, особено црвената, портокаловата и црната. Така, носењето облека во светла боја може да помогне“, заклучи таа.